Претседателот на САД, Доналд Трамп, размислува за евентуална посета на Турција како дел од својата претстојна блискоисточна турнеја, планирана за следниот месец, соопшти висок претставник на Белата куќа за арапската редакција на Си-Ен-Ен, пренесе Анадолија.

Посетата на Турција, доколку се реализира, би следела по планираните престои во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Според истиот извор, деталите за патувањето сè уште се усогласуваат и не е донесена конечна одлука.

Ако дојде до оваа посета, таа ќе биде прва претседателска посета на Трамп на Турција. Анадолија потсетува дека Џорџ Буш ја посети Турција во 2004 година, а Барак Обама двапати – во 2009 и 2015 година.