Тајванските власти вчера ги одржаа првите разговори за царините со американски официјални лица, објави денеска тајванската влада.

Двете страни разменија мислења за меѓусебните царини меѓу Тајван и САД, нетарифните бариери во трговијата и низа други економски и трговски прашања, вклучително и контролата на извозот, се наведува во соопштението на тајванската канцеларија за трговски преговори.

Преговорите се водеа преку видео конференциска врска.