Еврокомесарот за трговија Марош Шефчович ќе престојува во Вашингтон, каде ќе разговара со американски функционери за можен договор за царини.

- Европската Унија се надева дека ќе постигне договор со кој би се избегнала воведувањето нови царини и евентуална штетна ескалација од двете страни на Атлантикот, изјави портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил.

ЕУ веќе ги суспендираше на 90 дена своите контрамерки што беа планирани како одговор на американските царини за алуминиум и челик, откако актуелниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ги намали на 10 отсто таканаречените „реципрочни царини“ што претходно беа воведени за околу 60 земји во различни размери.

Во знак на добра волја и со цел да овозможи простор за преговори, ЕУ ги стави на чекање своите мерки, иако американските царини на алуминиум, челик и автомобилски делови сè уште се во сила.

- Сакаме да ѝ дадеме шанса на дипломатијата. Но, ако преговорите не бидат задоволителни, контрамерките ќе бидат активирани, изјави минатата недела претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.