Се надевам дека Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе види дека рускиот лидер Владимир Путин ја исмева добрата волја на САД и дека ќе донесе правилни одлуки, порача денеска шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Изразувајќи жалење поради најновите руски напади врз украински цели, Сикорски нагласи дека Украина безусловно се согласи на прекин на огнот пред повеќе од еден месец, но дека Русија со потсмев одговори на тоа со грозоморните напади врз Хриви Риг и Суми.

- Се надевам дека Американската администрација и претседателот Трамп ќе видат дека лидерот на Русија ја исмева нивната добра волја и се надевам дека ќе бидат донесени правилни одлуки, додаде Сикорски.