Секој договор со САД за иранската нуклеарна програма ќе зависи првенствено од контролата на Техеран над нивото на збогатување ураниум и можноста да произведува нуклеарно оружје, предупреди специјалниот пратеник на Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

„Тоа главно ќе биде за проверка на иранската програма за збогатување ураниум и неговите способности за нуклеарно оружје“, рече Виткоф во интервју за Фокс њуз, додавајќи дека тоа ќе биде „клучна точка“ на преговорите.

Иран и САД, кои немаа дипломатски односи од 1980 година, одржаа разговори минатата сабота, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

„Првата средба беше позитивна, конструктивна и убедлива“, рече Виткоф.

Тој додаде дека Техеран „не треба да збогатува (ураниум) на повеќе од 3,67 отсто“, што е максималното ниво поставено со мултилатералниот договор од 2015 година од кој САД се повлекоа во 2018 година за време на првиот претседателски мандат на Трамп.