По серија координирани рации поддржани од Европол, органите за спроведување на законот низ Европа и Турција разбиле четири големи криминални мрежи одговорни за шверц на дрога во ЕУ и Турција.
Уапсени се вкупно 232 осомничени, меѓу кои и лица кои имале клучна улога во операциите за шверц на дрога и перење пари, соопшти денеска Европол.
Истрагите опфатиле повеќе јурисдикции, а властите во Белгија, Франција, Германија, Холандија и Шпанија извршиле рации и апсења во соработка со Европол.