Ноќеска во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р. (31) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Тој претходно управувајќи патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, удрил во објект на бензинска пумпа на булеварот.

По преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал без возачка дозвола, дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и дека лажно се претставил како вработен во АНБ. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.