Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово, вчера во 16:25 часот, го лишиле од слобода Л.И.(22) од село Липково.
Како што соопшти денеска МВР, при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со брзина од 96 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.