Саудиската управа за контрола на недозволени супстанции, во соработка со локалната Агенција за даночна и царинска контрола, спречи обид за шверц на 147 килограми метамфетамин скриен во контејнери во пристаништето Џеда, објави саудиска новинска агенција.

Властите ги уапсија примателите на пратката, кои се тројца државјани на Пакистан и еден државјанин на Саудиска Арабија.

Органите за безбедност на Саудиска Арабија ја повикаа јавноста да пријави какви било информации поврзани со шверц или продажба на дрога на секаков начин.