Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднела кривична пријава против Е.З.(52), А.А.(55), Р.Д.(31) и С.Д.(32), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“, од кои една во обид.

Како што денеска соопштија од МВР, пријавените делата ги извршиле во периодот од 30.03. до 14.04.2025, при што од објект на ЈП Железници на РСМ - Железничка инфраструктура Скопје одзеле машина за обработка на дрва, мотор од компресор, алати и разни други предмети и се стекнале со имотна корист од околу 1.239.000 денари.

На 14 април при обид да извршат „тешка кражба“ во објектот, биле затекнати и приведени од полициски службеници.

Од страна на судија на претходна постапка на Е.З., Р.Д. и С.Д. им е одреден притвор во траење од осум дена, а на А.А. домашен притвор во траење од осум дена.