Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус е најдобар тренер во кошаркарската Евролига за сезоната 2024/25, објавено е денеска на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Јасикевичиус прв пат во кариерата ја доби наградата „Александар Гомељски“, која се доделува на најдобриот тренер, а воедно е и првиот литвански тренер кој ја добил оваа престижна награда. Фенербахче под водство на Јасикевичиус го заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата на второто место, со 23 победи и 11 порази, и во четвртфиналето од плејофот ќе игра против Париз. Јасикевичиус воедно стана првиот кој ја освоил Евролигата како кошаркар, а подоцна е прогласен за најдобар тренер на натпреварувањето