Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во денешното соопштение категорично ги демантира неточните информации изнесени од страна на политичката партија „Левица“, поврзани со работењето на Конзулатот на Република Северна Македонија во Њу Џерси.
-Станува збор за паушални и целосно неточни наводи кои не соодветствуваат со фактичката состојба, се наведува во соопштението.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ја информираат јавноста дека дипломатско-конзуларното претставништво функционира со редовно работно време и е целосно на располагање за сите услуги и потреби на македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави.