Стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство е потврдено со економската и политичка соработка, истакнал вицепремиерот Александар Николоски на средбата со Стивен Даути, министерот задолжен за Европа и Северна Америка во Владата на Обединетото Кралство.

Од Министерство за транспорт денеска соопштија дека тој ја потенцирал економската соработка и инвестициите како клучен сегмент во зацврстување на пријателските односи меѓу двете земји.

- Билатералните односи продолжуваат на највисоко ниво, со посебен акцент на унапредувањето на трговска соработка, особено во делот на инфраструктурниот сектор. Можноста за унапредување на економските односи, вицепремиерот Николоски ја истакна во нови инвестиции и реализација на капиталните проекти, се додава во соопштението.

Говорјеќи за планот за економски развој на земјата, Николоски потенцирал дека инвестиционите проекти предвидуваат економски раст и развој за Македонија и за цел регион, посебено истакнувајќи го развојот и модернизацијата на транспортните коридори, како предуслов за раст на националните економии.

На средбата се размениле и искуства и практики во делот на примена на нови технологии, примена на нови системи во железничкиот и патничкиот сектор.

- Вицепремиерот Николоски исто така на средбата го потенцираше и стратешкото партнерство во рамките на НАТО Алијансата, истакнувајќи дека Македонија како полноправна членка покажува високо ниво на безбедност, што е клучен сегмент во привлекување на нови инвестиции, соопшти Министерството за транспорт. Денешната средба е дел од официјалната посета на високо ниво на Обединетото Кралство од страна на делгацијата предводена од вицепремиерот Александар Николоски