Секоја трета жена во Јужна Кореја барем еднаш во животот доживеала физичко или сексуално насилство, според владиното истражување објавено денеска.
Министерството за родова рамноправност соопшти дека во истражувањето од септември до ноември минатата година учествувале 7.027 жени низ целата земја и дека покажало дека 36,1 отсто од жените барем еднаш во животот доживеале насилство.
Тоа е зголемување за 0,9 процентни поени во однос на еквивалентната стапка во 2021 година, кога истражувањето не го вклучи следењето како категорија на насилство.
Други категории беа физичко, сексуално, емоционално и економско насилство и манипулација.
Сексуалното насилство зазема најголемо учество со 53,9 отсто, потоа емоционалното насилство со 49,3 отсто, физичкото насилство со 43,8 отсто, манипулацијата со 14,3 отсто, економското насилство со 6,9 отсто и следењето со 4,9 отсто.
Речиси 20 проценти од жените доживеале таков напад од нивните интимни или поранешни партнери, покажа истражувањето.