Шефот на кабинетот на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет ја напушта функцијата, изјави синоќа висок функционер, додека продолжуваат превирањата во одделот оптоварен со случаи со протекување информации и серија заминувања.

Тоа е најновото заминување на вработен во Пентагон, кој е во превирања откако кон крајот на март беше откриено дека министерот учествувал во безбедносен пропуст преку апликацијата „Сигнал“.

Џо Каспер, кој ќе престане да работи покрај Хегсет, сепак ќе продолжи да го советува Пентагон на поинаква основа што ќе му овозможи да работи за одделот до 130 дена во годината.

Минатата недела, уште тројца високи функционери беа отпуштени по отворањето на внатрешна истрага.

Тројцата службеници Дарин Селник, Ден Колдвел и Колин Керол реагираа дека сè уште не биле информирани за точната причина „поради која биле отпуштени“ и „дали имало вистинска истрага за „протекувањето“ на информации“.