Кошаркарот на Кливленд, Еван Мобли, е прогласен за најдобар дефанзивен играч на во НБА лигата во сезоната 2024/2025.

Дваесетитригодишниот Мобли беше прогласен за одбранбен играч на месецот двапати во текот на сезоната, во декември и февруари.

Мобли оваа сезона имаше просек од 18,5 поени, 9,3 скокови и 3,2 асистенции по натпревар, а имаше просек од 1,59 блокади и седум дефанзивни скокови по натпревар.

Тој ја освои наградата „Хаким Олајџувон“ пред Дисон Даниелс од Атланта и Дрејмонд Грин од Голден Стејт.

Кливленд го заврши регуларниот дел од сезоната како прв во Источната конференција со 64 победи и 18 порази, а во првото коло од плејофот води против Мајами со 2:0 во серијата до четири победи.