Се размотува клопчето околу деловниот простор од над 400 м2 на Левица во центарот на Скопје, вистината целосно излегува на виделина.

Тезите дека Левица купила подрум, воопшто не се точни и претставува манипулирање на членството на таа партија, но и граѓаните воопшто.

Фотографиите кои ги видовме од деловниот објект, јасно се гледа дека не е само подрум во прашање, туку и високо приземје.

Интересно е што во овој објект на Левица пред нецели два месеци е отворена фирма и кафе бар, а сопственикот на истиот е член на Централниот комитет на Левица Зоран Ивановски, кој истовремено е и член на УО на ЈП Водовод и канализација.

Ова е извадок од тековна состојба од која се гледа дека адресата на фирмата на Ивановски е во дуќанот на Левица.

Ивановски може да се види често и во друштво на Димитар Апасиев.

Почитувани, толку од скромноста и левичарството на Апасиев и Левица, од левичари до могули со кафе барови преку ноќ.

И Апасиев и Левица се демаскирани.