Руски воен хеликоптер синоќа навлезе во воздушниот простор на Полска, соопшти денеска Оперативната команда на вооружените сили на Полска.

- На 25 април навечер руски воен хеликоптер од составот на Балтичката флота го повреди воздушниот простор над територијалните води на Полска на Балтичко Море. Летот до следеа нашите воени радари и цивилните системи на полската поморска пловидба, се наведува во соопштението.

Полската армија оцени дека со тоа Русија ја тестира подготвеноста на полската противвоздушна одбрана,

Во февруари руски авион бомбардер Су-24МР навлезе 6,5 километри на полска територија во близина на Гдањск и се задржа околу една минута.