Општина Илинден, со положување свежо цвеќе пред спомен плочата на Роберт Петковски во населеното место Бунарџик, ја одбележа 24-та годишнина од неговата смрт. Како припадник на Министерството за одбрана, тој трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година, информираат од Општината.

Цвеќе положиле членовите на семејството на Роберт Петковски, претставници на Општина Илинден предводени од градоначалникот Александар Георгиевски, припадниците на специјалната единица „Волци“, како и претставници на месната заедница и жители на Бунарџик.

Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили, кој бил член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, а под покровителство на градоначалниот Георгиевски, се одржал и традиционален меморијален фудбалски турир. Фудбалскиот натпревар се одиграл на фудбалското игралиште во Бунарџик, што го носи токму името „Роберт Петковски“.