На собраниската Комисија за прашања на избори и именувања, за член на Советот на јавни обвинители беше изгласан Ведат Салиум додека за член на Комисијата за заштита на конкуренција беше изгласан Насер Жарку.
На денешната седница, се пристапи кон утврдување на предлог одлука за именување член на Комисија за заштита на конкуренција. Според условите за именување на претседател и член на комисијата, за член се именува лице што исполнува услови, македонски државјанин, да нема правосилна судска пресуда со казна или со прекршочна санкција, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен седми степен право или економија. Да има пет години работно искуство од право или економија, има посебно знаење од области конкуренција, трговско право, менаџмент, финансии, јавни набавки, прекршочна постапка, управна постапка. Да поседува меѓународно признат сертификат за активно познавање на англиски јазик и да не е член на орган на политичка партија.
На огласот биле пријавени неколку кандидати, додека Насер Жарку беше предлог на пратеникот Ријад Шаќири.
Потоа се пристапи кон утврдување на предлог за избор на член на Совет на јавни обвинители. За член на Совет се избира лице од редот на универзитетски професори по право, адвокати, поранешни судии на Уставен суд, меѓународни судии и други истакнати правници кои ги исполнуваат условите, државјанин, дипломиран правник со најмалку пет години работно искуство, положен правосуден испит, истакнат со научна или професионална работа и јавно делување. Да не е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело злоупотреба на службена должност и овластување, или други кривично дело.
Повторно имало неколку пријавени кандидати, а Ведат Салиу беше предлог на Ријад Шаќири. Предлогот на Комисијата ќе биде доставен до Собранието.