Актуелниот шампион во НБА-лигата, екипата на Бостон селтикс се пласира во четвртфиналето во плејофот, откако ноќеска уште еднаш славеше победа на Орландо меџик.

Првото коло од разигрувањето за трофејот го мина и Индијана пејсерс по четвртиот триумф над Милвоки бакс.

На чекор до втората рунда е Денвер нагетс по успешната вечер на средбата со Лос Анџелес клиперс.

Резултати на натпреварите во НБА плејофот одиграни ноќта вторник кон среда: Индијана – Милвоки 119:118 (по продолжение) 4:1 во серијата Њујорк – Детроит 103:106, 3:2 во серијата прв до четири Бостон – Орландо 120:89 ,4:1 Денвер – ЛА клиперс 131:115, 3:2.

Во четвртфиналето Индијана ќе се соочи со Кливленд, додека Бостон ќе го чека победникот од двојката Њујорк – Детроит.