Естонија можеби ќе испрати војници во Украина во рамките на потенцијална мировна мисија предводена од Велика Британија и Франција, изјави денеска естонскиот премиер Кристен Михал.

Тој рече дека разговорите за испраќање мировна мисија во Украина се уште се во тек, а естонскиот парламент ќе треба да го одобри испраќањето естонски војници, пренесува Блумберг.

Велика Британија и Франција предводат обиди за формирање „безбедносни сили“ по војната во Украина, како дел од напорите на САД да стават крај на руската инвазија.

САД истакнаа дека секој мировен договор ќе бара безбедносни гаранции за Киев за да се осигура дека договорот ќе се почитува, а Литванија веќе изрази посветеност за поддршка на напорите.