Во текот на изминатите два дена полициските службеници на територија на цела држава издале вкупно 1425 платни налози за сторени прекшоци, од кои 333 прекршоци за брзо возење.
- По основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот - неправилно паркирање и пречекорување на брзината на движење, беа регистрирани 415, односно 333 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистирани биле 144 возачи, потоа 71 учесник во сообраќајот биле санкционирани за неносење сигурносен појас, 39 возачи на мотоцикл за неносење на заштитна кацига, а пак 64 за користење на мобилен телефон при возење, информираат од МВР.
Исто така, според статистичките податоци, во шест случаи возачи минале на црвено светло, во 18 случаи кај возачи било утврдено недозволено количество алкохол во крвта, а санкционирани биле и 15 пешаци.
По основ, пак, на Законот за возила 48 возила биле отстранети од сообраќај и тоа 14 заради техничка неисправност, а 34 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани.
ОД МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, и особено за време на утрешниот празник да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот, велат од МВР, е предуслов за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта