Проруската националистичка бугарска партија „Преродба“ потпиша договор за соработка со владејачката партија на Руската Федерација „Единствена Русија“.
Ова се случи и покрај фактот што Русија официјално ја прогласи Бугарија за „непријателска држава“ по почетокот на инвазијата врз Украина.
- Договорот предвидува размена на искуства, идеи и политичка пракса меѓу двете партии и претставува важен позитивен чекор кон обнова на целосни бугарско-руски односи, наведува партијата „Преродба“.
Договорот го потпишаа заменик-претседателот на „Преродба“ Цончо Ганев, кој е и потпретседател на Народното собрание, и Владимир Јакушев – заменик-претседател на Горниот дом на Државната дума на Руската Федерација.
Како што пишува УНН, „Преродба“ нема ништо против тоа што Русија ја прогласи Бугарија за непријателска држава по почетокот на војната во Украина и продолжува да одржува односи со руската владејачка партија.