Кавадарчанец во текот на вчерашниот ден пријавил физички напад од сопругата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 13 часот во ОВР - Кавадарци, 42-годишен кавадарчанец пријавил дека на 19 април, во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 39-годишна сопруга, појаснуваат од СВР - Велес.
Како што истакнуваат оттаму, се преземаат мерки за расчистување на настанот.