Формула 1 го продолжи договорот за домаќин на Големата награда на Мексико до 2028 година, објави официјалниот сајт на шампионатот.
Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали е задоволен од продолжувањето на соработката со Мексико.
-Многу сме задоволни што можеме да објавиме дека Големата награда на Мексико ќе остане во нашиот календар до 2028 година. Формула 1 е динамика, страст и емоции. Секоја година, уникатната атмосфера што ја создаваат навивачите во Мексико Сити дава еден од најживописните впечатоци од нашиот шампионат, истакна Доменикали.
Големата награда на Мексико се врати во календарот на Светскиот шампионат во 2015 година. Пред ова, на оваа патека се одржуваа натпревари до 1992 година. Актуелниот договор за трката трае до крајот на 2025 година.
Големата награда на Мексико во 2025 година е закажана за 24-26 октомври