Поранешниот Формула 1 возач Џони Херберт проговори за преселбата на Луис Хамилтон во Ферари.
- Минатата година Мерцедес покажа непредвидлива форма, понекогаш победуваа, понекогаш не можеа да се борат ниту за подиумот. Мислам дека ова ја поткопа мотивацијата на Хамилтон и му стана неопходна промена на тимот. Тој сè уште се адаптира на новиот болид, иако очекував дека побрзо ќе најде заеднички јазик со болидот и ќе почне да го престигнува Шарл Леклер. Досега тоа не се случи. Леклер, кога дојде во Ферари, успеа да го преземе водството од Фетел. Хамилтон се уште не може да го повтори ова - Шарл ја задржува доминантната позиција. Според мене, 2026 година ќе биде последна шанса за Луис да ја освои осмата круна. Тој веќе има 40 години и неговите најдобри години се зад него. Сè уште е силен, но Леклер сега е побрз. Така, дури и ако Ферари го подобри болидот, Хамилтон прво ќе мора да го надмине својот тимски колега, изјави Херберт за „RacingNews365“.
Леклер моментално е петти во генералниот пласман кај возачите со 47 бодови. Хамилтон е седми со 31 бод. Лидер е возачот на Мекларен, Оскар Пјастри со 99 поени.
Хамилтон седумте шампионски титули ги освои во: 2008, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019 и 2020 година.