Велика Британија ги чека резултатите од локалните избори - првиот тест за изборните ставови по парламентарните избори на 4 јули минатата година, на кои победи Лабуристичката партија на Кир Стармер, објавија светските агенции.
Гласањето се одржа вчера за вкупно 1.641 места во локалните совети во Англија и шест градоначалнички места. Исто така, се гласаше за едно пратеничко место од изборната единица Ранкорн и Хелсби.
На изборите минатиот јули, Лабуристите освоија 33,7 проценти, Конзервативците 24 проценти, а крајно десничарската партија „Реформа Велика Британија“ на Најџел Фараж освои пет места.
Пратеничкото место стана празно откако Мајк Ејмсбери, избран минатата година од неговиот округ со 53 проценти, поднесе оставка поради обвинувања дека претепал гласач.