Дали Филипче учи од Заев како да злоупотребува трагедии, како Заев со Смилковско езеро и Младенов, за кои лажеше со години?

Дали Венко Филипче кога вели дека нема друг како Заев и дека народот треба да учи од него, дали мисли и на лагите и злоупотребите на човечките трагедии?

Дали Филипче се восхитува на Заев кога тој лажеше дека ќе ја каже вистината за смртта на Младенов и убиството кај Смилковско езеро, за потоа да се испостави дека лажел?

Дали Венко Филипче сака да манипулира дури и со човечки судбини, само за да дојде на власт, а потоа во стилот на Заев - ,,пу, пу не важи"?

Зоран Заев е причина за проблемите на Македонија, причина за тагата и бројни неуспеси, криминал и корупција. Венко Филипче да каже, што точно од тоа му е пример за учење?

Добро е што Венко Филипче призна се од почеток, за народот да нема дилема дека тој е втор Зоран Заев.

Прашање: Како го оценувате последниот Извештај за слобода на медиуми на Репортери без граници?

Одговор: Падот на Индексот на Репортери без граници, се должи на главната фабрика за ширење на лажни вести и дезинформации, а тоа се СДС и Венко Филипче, и да потсетиме дека за истото имаат и осудителни пресуди.

Пример за лажна вест е последното соопштение и прес-конференцијата на СДС, каде што велат дека министри трошеле илјадници евра за ручеци. Демант има и од Владата и од институциите, бидејќи тоа било исплата кон ресторански оператори за храна плаќана од вработените.

Почитувани,

СДС е партија која се одржува на лажни вести. Во отсуство на политики и предлози за подобрување на општеството, тие се користат со лажни вести и дезинформации.

СДС е синоним за неспособност, предавство и криминал.