Две жени од Куманово, пријавиле физички напади извршени од нивните сопрузи, соопшти денеска СВР Куманово.

-Вчера во 18.00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Куманово, затоа што истиот ден, околу 17.00 часот физички ја нападнал неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Подоцна, во 21.40 часот во СВР Куманово, 44-годишна жена од Куманово пријавила дека во нивната семејна куќа по претходна вербална расправија била физички нападната од страна на нејзиниот невенчан сопруг Б.Р. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, информираше полицијата.

Лани, според статистиката на СВР Куманово имало 348 пријави за семејно насилство. Најголем број од пријавите биле поднесени од жени, а како сторители се јавувале нивните сопрузи, вонбрачни партнери.