Засега нема да шпекулираме за можните последици по Србија поради евентуално присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ на воената парада во Москва на 9 мај, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт.

- ЕУ беше кристално јасна со нашите партнери, вклучувајќи ги и земјите кандидати за членство, како што е Србија, дека односите со Русија не можат да се развиваат како се да е вообичаено, во услови на неиспровоцираната и неоправдана руска воена агресија врз Украина, истакна Ламерт.

Изјавата на Ламерт беше одговор на прашање за ставот на ЕК во врска со пораката на Вучиќ дека не се откажува од присуство на воената парада во Москва на 9 мај и дека е подготвен да се соочи со било какви санкции од страна на ЕК или Советот на ЕУ поради тоа.

- Србија аплицираше и преговара за членство во ЕУ и сакаме да сметаме на Србија како на сигурен европски партнер за заедничките принципи, вредност, безбедност и просперитет. Србија треба да не увери во својата стратешка ориентација, додаде Ламерт