Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, го постави најбрзото време на единствената слободна тренинг сесија пред Големата награда на Мајами, шестата трка од овогодинешното првенство во Формула 1.

Австралијанецот, кој е лидер во генералниот пласман, го извозе најбрзиот круг околу „Хард Рок“ стадионот за 1:27,128 минути.

Пјастри ја заврши тренинг сесијата три и пол десетинки пред Шарл Леклер со Ферари, а зад двајцата беше бранителот на титулата Макс Верстапен, кој ги брани боите на Ред Бул.

Тренингот заврши порано, бидејќи возачот на Хас, Оливер Берман, удри во заштитната ограда, поради што пет минути пред крајот беа подигнати црвени знамиња, а акцијата не беше продолжена.

Дополнително, тренинг сесијата беше обележана со инцидент на почетокот, кога механичарите на Мекларен оставија алатки во болидот на Ландо Норис, што ќе биде истражено за време на паузата