Авиокомпаниите „Луфтханза“, како и индиската „Ер Индија“ денеска соопштија дека ги суспендираат летовите до Тел Авив до 6 мај по ракетниот напад врз меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, за кој одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници хути.
Групацијата „Луфтханза“, која покрај германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги вклучува и компаниите „Аустриан“, „Браселс ерлајнс“, „Дискавер ерлајнс“, „Еуровингс“, „Свистајн“ и „ИТА ервејс“, објави дека ги суспендира услугите поради моменталната ситуација.
Авиокомпанијата „Ер Индија“ исто така објави кратко по групацијата „Луфтханза“ дека ги суспендира летовите до Тел Авив до 6 мај.
„Нашите операции до и од Тел Авив се прекинати, со важност до 6 мај, за да се осигури безбедноста на нашите клиенти и нашиот персонал“, објави индиската компанија.