Бразилската полиција денеска соопшти дека спречила бомбашки напад што бил планиран да биде извршен на концертот на американската пејачка Лејди Гага во саботата во Рио де Жанеиро, каде што имало повеќе од два милиона луѓе.
Полицијата соопшти дека нападот бил планиран од група што промовира говор на омраза и радикализација на тинејџери, а исто така регрутирала малолетници за извршување координирани напади користејќи импровизирани експлозивни направи и молотови коктели. Бразилското министерство за правда соопшти дека членовите на групата се нарекуваат себеси „глобална база на обожаватели на Лејди Гага“ и дека се познати како „Мали чудовишта“.