Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на магистралниот пат Дебар-Струга животот го загубиле мотоциклист од Кичево.

Сообраќајката се случила во 14:30 часот кај дебарското село Отишани на десеттина километри од Дебар.

-Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „Пежо-406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(43) од Скопје и моторцикл „Дукати“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Р. (33) од Кичево. Притоа, на местото на сообраќајната незгода, животот го изгуби моторциклистот а неговата смрт е констатираана од екипа на Итната медицинска помош од Дебар додека, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.

Во несреќата со телесни повреди се здобила М.Г.(42) од Скопје, сопатничка во првото возило, констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар.

Увид на местото извршија јавен обвинител и полициски екипи при што, патниот правец Дебар-Струга неколку часа беше во прекин.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот, ќе биде извршена обдукција.

Мотоциклот бил поделен на делови, дел од нив од ударот се запалиле. Интервенирала и територијалната противпожарна единица од Дебар