Литванскиот премиер Гинтаутас Палуцкас денеска изјави дека таа земја ќе издвои 5,25 проценти од бруто-домашниот производ (БДП) за одбраната од буџетот за идната година.

Тој истакна дека финансирањето на одбраната ќе биде обезбедено преку приходите од државниот буџет и преку позајмени средства, јавува литванскиот јавен сервис ЛРТ.

Литванија годинава за одбраната издвои 3,93 проценти од БДП, со цел да се подготви за создавање копнена дивизија и прием на германска бригада што ќе биде стационирана во балтичката земја.