Полскиот премиер Доналд Туск, денеска по повод 80-годишнината од крајот на Втора светска војна, истакна дека за траумите на Полјаците, кои ослободувајќи се од германската окупација, а потоа беа дел од советската сфера на влијание, најдобар лек е силна армија.
- Кога ги посетувам другите европски земји, ја гледам искрената радост што тие можат да го прослават Денот на ослободувањето, денот на крајот на Втората светска војна. И мислам дека ние овде во Полска имаме сосема поинаков став кон тоа. Сè уште ја имаме траумата од септемвриската окупација и таа двосмислена победа пред 80 години, истакна Туск во воената база во Варшава.
Тој наведе дека гледајќи ја полската армија сигурен е дека никогаш ќе нема реприза на историјата,
- Кога ги гледам вашите лица сигурен сум дека никој мудар нема да се осуди да крене рака на Полска, посочи Туск.
Тој додаде дека Полска издвојува речиси пет отсто од бруто домашниот производ, за да создаде армија за „ефикасно да ги браниме нашите граници и со тоа и ефикасно цела Европа. Ние сме пример за земјите на НАТО како дејствуваат и се однесуваат во тешки времиња“.