Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека денеска уапсила двајца осомничени шпиони од Унгарија.
- СБУ првпат во историјата на Украина разоткри унгарска воена разузнавачка мрежа која спроведуваше шпионски активности на штета на нашата држава, објави СБУ на Телеграм.
Приведените агенти на унгарските специјални служби требало да соберат информации за Закарпатската област, оддалечена стотици километри од линијата на фронтот со Русија.
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изјави оти „информацијата е пропаганда“, и дека сè уште нема официјални информации од Украина.