Приведени 36-годишен стружанец, кој со 2,28 промили во крвта управувајќи мотоцикл излетал од патот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 6 часот и 35 минути, полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга.
- Лицето претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”, изјави портпаролот Стефан Димоски.