Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар утринава во 01.10 часот го лишиле од слобода И.Ф. (50) од селото Долна Бањица, гостиварско, затоа што управувал возило под дејство на алкохол.

-При сообраќајна контрола на ул. „Живко Брајковски“ во Гостивар, било сопрено патничко моторно возило „шкода” со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал И.Ф., и по преземени мерки било констатирано дека И.Ф. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,17 промили алкохол во крвта, соопштија од МВР.

Како што посочуваат, тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило”.