Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера попладне го лишиле од слобода К.В.(31) Тетово.
Како што информира денеска МВР, при сообраќајна контрола на улица „Маршал Тито“ во Тетово било сопрено патничко возило „фоксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал К.В., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.16 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.