Најмалку 13 лица загинаа во експлозија во Индонезија за време на отстранување на застарена муниција, соопштија денеска воени претставници, додавајќи дека неколку лица се повредени, пренесе Н1.
Меѓу загинатите во експлозијата во Западна Јава, чија причина сè уште е непозната, се најмалку четворица војници.
Се испитува дали за време на отстранувањето на муницијата биле преземени сите безбедносни процедури.
Иако се изведуваат далеку од населените места, ваквите акции вообичаено ги привлекуваат локалните жители кои собираат старо железо.