Полицијата објави дека го истражува пожарот во домот на британскиот премиер Кир Стармер, до кој дошло во раните утрински часови во северен Лондон.

Пред населбата Кентиш Таун е поставен кордон, при што се присутни пожарникари и полиција.

Во пожарот бил оштетен влезот во куќата, а за среќа никој не е повреден, јавуваат британските медиуми.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека била повикана поради „мал пожар“ и дека пожарот бил ставен под контрола 20 минути подоцна.

Кир Стармер, кој сега живее со своето семејство во неговата официјална резиденција на Даунинг стрит, сè уште е сопственик на имотот.

Британскиот премиер ја изнајмува куќата каде што избувна пожарот откако беше избран на функцијата во јули минатата година