СДС и Филипче на различна фрекфенција, како се стекнал Филипче со златна виза?
СДС и Филипче имаат различни ставови за златната виза. Прво велеа дека нема златна виза, па Филипче призна дека има златна виза. СДС упорно го брани, а Филипче ги демантира нивните напори.
СДС и Филипче се во тотален хаос, па по низа скандали со нивни членови со дрога, имаме молк, а за потеклото на златната виза, повторно молк од СДС и Филипче.
Денес, повторно прашуваме, како Филипче се стекнал со златна виза? Дали преку инвестиции во Дубаи? Дали е ортак со Заев за градење на 50катница во Дубаи? Дали Филипче има добиено златна виза со инвестирање над 500 илјади долари во Дубаи?
Исто така, за добивање на златна виза треба потврда од Министерството за здравство од ОАЕ за студирање медицина.
Го прашуваме Филипче, дали има студирано медицина во Дубаи и ако има, кога? Дали има потврда од Министерството за здравство од ОАЕ?
Почитувани,
Доколку Филипче не даде потврда за студирање во Дубаи, тогаш Филипче треба веднаш на македонската јавност да се извини, да си поднесе оставка и да одговори, како стигнал до златната виза за Дубаи и со кои пари?
СДС и Филипче тонат секојдневно во нови скандали. СДС и Филипче се демаскирани и прочитани.
СДС и Филипче се синоним за неспособност, криминал и корупција.
Прашање: Коментар за обвинувањата на Таравари за попречување на положбата на Албанците и неговото незадоволство што Македонија стагнира на патот кон ЕУ?
Одговор: Вечерва партијата ќе има редовна седница на Извршниот комитет на која што ќе се разговара и за ова прашање.
Демантираме дека досега било разговарано за било каква размена на министерства или ресори, или за тоа кој ќе го превземе Министерството за здравство. Тоа не е вистина.
Што се однесува до самиот Таравари, би сакале да го истакнеме следново:
А тоа е од оние активни учесници во Владата може да се дознае дека господинот Арбен Таравари навистина бил активен учесник на овие состаноци.
Но, на тие состаноци, господинот Таравари никогаш не разговарал за Законот за јазици, никогаш не разговарал за законско регулирање на балансерот. Не зборувал ниту некогаш некој го слушнал да зборува за ЕУ интеграциите, дека се блокирани поради наследениот спор со Бугарија, создаден токму од оние во чии прегратки сега оди.
Но, знаеме дека се интересирал за концесионерот на паркинзи на Клинички центар Ѓока, затоа што е исфрлен од игра. Живо се интересирал за господинот Артан Груби, за господинот Зоран Заев и за нивните бизниси, и важни прашања за ДУИ.
Не може некој да смета дека може да биде дел од Владата, а притоа да седи во прегратките на криминалот СДС и ДУИ. Тоа е нашето ветување пред граѓаните.