На ул.„Ленинова“ во Ресен, вчера во 00.40 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Х.Б.(68) од Ресен.

При сообраќајна контрола, соопшти денеска МВР, било сопрено патничко возило „фоксваген“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Б., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.

- Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.