Во близина на граничниот премин „Богородица“, синоќа полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“ забележале како во патничко возило „ауди а4“ со швајцарски национални ознаки влегуваат неколку лица мигранти. Како што соопштија од МВР, возилото не застанало на знак на запирање, но набргу откако истото било пронајдено, во негова близина биле пронајдени четири женски лица мигранти.
-Возилото не застанало на знак за запирање и продолжило со движење. Набргу, во 20.20 часот возилото било пронајдено и во негова близина биле пронајдени четири женски лица – мигранти од Кина, од кои едната била во бессознание и била пренесена во болницата во Гевгелија за укажување помош, а останатите три лица мигранти биле сместени во прифатно – транзитен центар, се вели во соопштението на МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.