СВР Куманово и државните пазарен и инспекторат за труд извршија контроли на четири угостителски објекти во Куманово и изрекоа пет глоби на правни и физички лица, соопшти денеска кумановската полиција. Легитимирани биле дваесет лица.
- Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 11:30 до 16:00 часот вчера, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово. При контролата, извршено е легитимирање на 20 лица, а од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се четири глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречена е една глоба, соопшти СВР Куманово.