Плејмејкерот на Оклахома Сити, Шеј Гилџеус-Александер е прогласен за најкорисен кошаркар во финалната серија на плејофот на НБА.

Дваесет и шестгодишниот Канаѓанец, исто така, ги освои наградите за МВП на регуларниот дел од сезоната и МВП од финалето на Западната конференција во сезоната 2024/25.

Гилџеус-Александер стана деветтиот играч во историјата на НБА кој ги освоил наградите за МВП и во сезоната и во финалето на плејофот. Тој е првиот играч кој го направил тоа по 12 години.

Претходно ваков успех имаа: Леброн Џејмс (2012, 2013 со Мајами), Тим Данкан (2003 со Сан Антонио), Мајкл Џордан (1991, 1992, 1996, 1998 година со Чикаго), Хаким Олаџувон (1994 година со Хјустон), Меџик Џонсон (1987 година со Лејкерс) Карим Абдул-Џабар (1971 со Милвоки) и Вилис Рид (1970 со Њујорк).