Осумдесет и три годишна жена во текот на вчерашниот ден пријавила измама од 30.000 евра од лице кое се претставувало како лекар.
Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, во 18:30 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, 83-годишна жена пријавила дека од страна на едно лице била измамена за 30.000 евра.
- Имено, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар, по што ѝ рекло дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и дека требало да ја оперира, но, пријавителката требало да плати. Откако се договориле, таа ги дала парите на лице на возраст од околу 60 години, а подоцна сфатила дека била измамена, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.