Доколку сакате и Вие да придонесете во акцијата иницирана од Жаре – еден на еден, потребно е да објавите слика, коментар, препорака, статус или видео со хаштагот #ДенНаВоздухот.

Акцијата е со цел граѓаните да упатат апел до институциите и до сите оние кои на директен или индиректен начин го загадуваат воздухот во главниот град и во цела Македонија, дека всушност сите ние имаме право на чист воздух.

Информативно – забавниот портал Makpress.mk во целост ја подржува акцијата за почист и поквалитетен воздух во Република Македонија.